Пазарен ден без сообраќаен метеж во Делчево

На големо задоволство на пазарџиите и купувачите, саботниот пазарен ден во Делчево започна без паркирани возила. Екипи на сообраќајната полиција утрово ги расчистуваа паркираните возила во близина на пазарот што наиде на одобрување од страна на трговците.

-Секоја чест за оваа акција на полицијата. Оваа и претходната сабота немавме многу гужви и освен такси возилата, нема возила на улицата во близина на градскиот пазар, при што граѓаните порелаксирано го поминуваат пазарниот ден. Исто така со ова се става крај и на несаканите инциденти од пренатрупаните возила, вели сопственикот на тезга од Делчево.

Овој проблем наскоро треба да се реши со најавената изградба на новиот градски пазар во Делчево.

-Моменталната локација на градскиот пазар не ги дава потребните услови, па се незадоволни и продавачите и купувачите. Ние сакаме да добиеме современ градски пазар со целата инфраструктура, во смисла отворен и затворен дел, како и соодветен паркинг простор, каде ќе бидат испочитувани сите критериуми за соодветно чување и продавање на храната. Оваа година согласно буџетот за 2020 година изградбата на нов градски пазар е приоритет за нас како општина, изработен е проект и очекуваме оваа година да започне неговата изградба, информираа од општината.

Денешниот пазарен ден во Делчево како по традиција освен од домашни купувачи беше исполнет со посетители од Бугарија. Тие го пофалија квалитетот на градинарските производи и истакнаа дека во Делчево на пазар доааѓаат два пати месечно.

Пазарен ден без сообраќаен метеж во Делчево

Пазарен ден без сообраќаен метеж во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 1 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*