Планинари на ПСК ,,Голак” реализираа висогорска акција за искачување на Руен

Високогорска екипа на планинарскиот спортски клуб ,,Голак” составена од членови на клубот од Делчево и Софија, Р.Бугарија денес реализираа зимска високогорска кружна акција за искачување на врвовите Руен, Мал Руен и Сокол на Осоговските планини.

Стартна точка на акцијата како што информираше претседателот на ПСК ,,Голак”, Љупчо Чучуковски бил рудникот Саса.

-Од Рудник Саса кој се наоѓа на 1550 метри надморска висина се упативме кон Тракато Брдо (1800 м.), врв Руен (2252 м.), врв Мал Руен (2206 м.), врв Сокол (2038 м.), Црна трава (1700 м.) и повторно назад кон Рудник Саса (1550 м.), информираше Чучуковски.

Вкупната должина на високогорската акција како што додаде изнесувала во 11 километри.

-Овие 11 километри беа поминати по еден многу убаво поминат ден со многу сонце, без облаци, повремено со среден ветар, снег како и голема видливост, позитивна енергија и многу спокој. За нас како клуб е многу важно што, сите три врва територијално се наоѓаат во нашиот регион Пијанец (Делчевски), додаде Чучуковски.

Вакви и слични високогорски акции од ПСК ,,Голак” најавија и за во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*