Во Берово започна Државното првенство во пинг понг

Караванот на Пингпонгарската федерација оваа недела е во Берово каде во организација на Пингпонгарски клуб Берово се одржува Државно првенство во пинг-понг за кадети. Претседателот на федерацијата Горан Пиловски истакна дека целта на настанот е популаризација на пинг-понгот како спорт и во помалите средини.

-Убава е можноста да видиме тука дека и во самиот град имаме поддршка и пингпонгарскиот клуб Берово кој е еден од најентузијастичкиот клуб во државата кој не работи на точката на квалитет туку за краток период се појавуваат добри играчи кои се појавуваат со добри резултати при што имаме играчи кои настапуваат за репрезентацијата. Сакаме како федерација да дадеме поддршка и на градот како дополнителна можност дека и во помалите градови се дава поддршка за овој спорт, рече Пиловски.

Јован Ковачовски претседател на Пингпонгарски клуб Берово е задоволен што со влегувањето на спонзорот „Зегин“, клубот од Берово уште повеќе ќе напредува во иднина. Ковачовски ги поканува сите таленти Слободно да се зачленат во клубот бидејки истиот е отворен за приемна нови членови. Очекува за некоја година ПКК Берово да ќе биде меѓу најдобрите клубови во Македонија.

Градоначалникот на општината Звонко Пекевски истакна дека општината годинава со поддршка на Советот за пинг-понгарскиот клуб обезбеди 40 илјади денари.

-Општина Берово по втор пат е домаќин на Државно првенство во пинг понг. Тоа значи поголема обврска и секако повеќе да учествуваме во афирмирањето на спортот и поддршката а истиот. Годинава согласно програмата имаме 30 илјади денари за редовно работење за клубот, а во тек е повикот за здруѓенија на граѓани во кој че евалуираме нови апликации и извршиме распределба на средствата за 2020 година.

Денес во рамки на Државното првенство пинг-понг играат кадетите до 12 години, додека возбудливи натпревари се очекуваат утре кога играат пинг понгари во дисциплината У-15. За најдобрите Пингпонгарската федерација обезбеди награди и благодарници.

Во Берово прв ден од Државното првенство во пинг-понг

Во Берово прв ден од Државното првенство во пинг-понг

Posted by delcevo365.mk on Saturday, 1 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*