На граничниот премин Делчево се зголемува информираноста на патниците за болеста Африканска чума

На граничниот премин Делчево во тек е акција на информирање на патниците за превземање на превентивни мерки против болеста Африканска чума. Акцијата како што информираа од царинска испостава Делчево се одвива преку делење флаери на патниците кои излегуваат од државата.

– Во јавноста општо е познато како се пренесува болеста. па поради тоа со делење флаери на патниците кои излегуваат од државата спроведуваме акција за да се зголеми информираноста околу последиците кои ги носи појавата на оваа болест. Апелираме до граѓаните да не внесуваат производи од животинско потекло кога одат на патување во странство и кога се враќаат назад во државата, бидејќи е тоа најчестиот начин како болеста се пренесува, истакнаа од граничен премин Делчево.

Од делчевската испостава на Царинарница Штип, информираа дека во 2019 година за 30 илјади е зголемен бројот на патници во однос на 2018 година. Според податоците кои за МИА ги соопштија од делчевскиот граничен премин, заклучно со декември 2019 година вкупно 200.132 автомобили биле регистрирани за излез од државата. Во 2018 година таа бројка изнесувала 172.395 автомобили.

Во посета на граничниот премин Делчево денеска присуствува и Директорот на Царинска управа на Република Северна Македонија Ѓоко Танасоски кој во Делчево ќе се сретне и со делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, а ќе посети и неколку успешни фирми од Делчево.

Во продолжение видео од денешната посета на граничен премин Делчево на која се разговараше за реализирани активности во делот на реконструкција на граничен премин и активности кои треба да бидат превземени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*