Амбасадорката на Велика Британија, Рејчел Галовеј во работна посета на Делчево

Во официјална посета на општина Делчево денес присуствуваше амбасадорката на Велика Британија во РСМ, Рејчел Галовеј која се сретна со делчевскиот градоначалник Горан Трајковски и претседателот на Советот, Драган Маневски, а присуствуваше и на спортските игри во Бочија кои се дел од преоктот на Бротанската амбасада „Инклузија преку спорт Бочија“. На средбата во општината како што информираше градоначалникот Горан Трајковски, британската амбасадорка се запозна со политките на локалната самоуправа и поддршката која општината им ја дава на граѓанските здруженија.

-На средбата со амбасадорката Галовеј, отворивме повеќе теми за нашата општина и за нашата држава. Јас ја запознав со политиките кои ние ги водиме во локалната самоуправа, за капиталните проекти кои ги реализиравме и кои што се во тек на реализација. Исто така ја информирав за соработката со граѓанските здруженија, односно НВО секторот и спортските здруженија, за организирањето на културни настани, бидејки сето тоа е во склоп на градење на општеството, а секако затоа што и нашите политики се во насока на градење „Едно општество за сите“, рече Трајковски.

Присуствувајки на спортските игри во Бочија, амбасадорката Галовеј истакна дека со овој проект се опфатени 4 тима од неколку градови во Источна Македонија.

-Ова е проект на Британската амбасада, за да се истренираат децата со посебни потреби за играта Бочија. Во моментот има 4 тима кои тренираат овде во Делчево, Македонска Каменица, Виница и Штип. Со овој проект се надеваме дека децата ќе се стекнат со можности за спорт туку ќе се здобијат со сигурност и самодоверба во играта. Беше задоволство да се биде овде и да се изигра Бочија со овие деца. Импресивно е да се види колку добро ја сфатиле играта лицата со посебни потреби, рече Галовеј.

Претходно амбасадорката на Велика Британија се сретна со дел од раководството на Рудник Саса, компанија во која е еден од инвеститорите е од Велика Британија.

Амбасадорката на Велика Британија во посета на Делчево

Амбасадорката на Велика Британија во посета на Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 6 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*