Во Делчево спроведена крводарителска акција со граничарите, полицијата и граѓанството

Во Делчево денес се реализираше втората крводарителска акција за 2020 година. Акцијата како што информираше Ивана Атанасовска од делчевскиот Црвен крст се одвиваше во два дела. Во првиот дел, крводарителска акција се спроведе во просториите на Регионалниот центар за гранични работи – Исток, додека во вториот дел од акцијата крв даруваа граѓаните.

-Крводарителската акција се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип, кои што одлично си ја завршија задачата. Во првиот дел во акцијата која се реализираше во просториите на Регионалниот центар за гранични работи – Исток беа собрани 23 крвни единици, додека во вториот дел од акцијата со граѓанството вкупно беа подарени 40 крвни единици, рече Атанасовска. 

Од Црвен крст Делчево изразија благодарност до сите кои дадоа свој придонес во реализирањето на денешната акција. Воедно ги информираа сите кои дарувале крв над 25 пати,  да се пријават во Општинската организација Црвен крст Делчево заради доделување на благодарници и признанија за најхуманите.

Крводарителски акции во општините од регионот во нареедниот период се планирани во Берово, Пехчево и Македонска Каменица.

Граничарите, полицијата и граѓанството даруваа крв во Делчево

Граничарите, полицијата и граѓанството даруваа крв во Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 6 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*