Регионално: Во Виница потпишани договорите за стипендирање на 22 студенти

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров денес ги потпиша договорите за стипендирање на 22 студенти од општина Виница, кои аплицираа на јавниот повик и според критериумите на Комисијата, ги исполнуваат условите за добивање месечна стипендија од 2000 денари.

Како што стои во официјалната објава на општина Виница, месечната сума е утврдрна врз основа на одобрените средства од приватниот сектор и општината, а компании кои се вклучени и годинава се: Партнер; Макпрогрес; СБВ ромеро; ЈКП “Солидарност” и општина Виница . Стипендирањето е за учебната 2019/2020, и исплатата важи од октомври 2019 до јуни 2020.

Во последните две години, исплатата на стипендиите тече редовно, така да ланските се исплатени, и во најскоро време се очекува да започне реализацијата и на новите договори кои беа потпишани денес.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*