Втора дисеминациска сесија од ЦКА-ПХВ програмата во Делчево

Во организација на Општинската организација на Црвен крст, денес во Делчево се реализираше втората дисеминациска сесија, како дел од реализацијата на ЦКА-ПХВ програмата. Во рамки на едукативната работилница, како што информираше Ивана Атанасовска од Црвен крст Делчево, тим составен од искусни дисеминатори ги подучуваа младите за целите и вредностите на Црвен крст и нивните очекувања од волонтерската работа.

-Главната цел на втората дисеминациска сесија е да се оспособат новите волонтери за правење нови проекти и учење на тимска работа. Меѓу позначајните работи кои беа нагласени од инструкторите на денешната работилница ќе ги издвоиме обуката на младите за дејствување на терен, обуките за лоцирање на цел и целна група, како и обуките за проценка на терен, рече Атанасовска.

Волонтерот Михаела Маџовска која е дисеминатор на програмата за 2020 и лидер на Клубот на млади, додаде дека во реализацијата на овие активности, покрај од Делчево се вклучени и волонтери од М.Каменица.

-Оваа година имаме вклучено 33 младинци, кои ќе изработуваат 6 мали проекти во нашиот град. Воедно вакви проекти ќе изработуваат и младинците од Македонска Каменица. Сите заедно се надеваме дека ќе помогнеме на многу семејства и ќе усреќиме многу лица, особено децата, рече Маџовска.

Меѓу главните цели на ЦКА-ПХВ програмата за 2020 година, кои инструкторите на втората дисеминациска сесија ги напоменаа се регрутирањето на нови волонтери, промоцијата на активни знаења и активен пристап кон животот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*