Над 500 возила и уште повеќе граѓани се искачија на делчевската планинска убавица уживајки во снежната убавина што беше причина на Голак да врие како во кошница. На одредени места поради густиот сообраќај, имаше застој од краткотраен карактер, но генерално патот беше исчистен и до некогашното детско одморалиште се стигнуваше без проблем.

Единствениот капацитет Вила Гранит, денес беше претесен да ги собере посетителите, па затоа вообичаеното место каде и денес се правеше скара и се забавуваа граѓаните беше спортското игралиште.
Би рекле идеална слика која за момент го врати стариот сјај на Голак. Сепак денес повеќе од никогаш досега се почувствува недостигот од туристички капацитет како детското одморалиште Голак кое е оставено да се распаѓа на забот на времето.

Оваа слика можеби ќе ги замисли потенцијалните инвеститори и останати надлежни за развој на туризмот да почнат да размислуваат за враќање на Голак на мапата на туристички центри за што ќе се сложиме сите дека е крајно време!!!
Leave a Reply