Излезе електронската верзија на монографијата за Македонска Каменица од професор Горан Митевски.

Објавена електронската верзија на монографијата „Кратка историја на општина Македонска Каменица“ од професор Горан Митевски. Делото како што истакна самиот автор е посветено на историјатот на Македонска Каменица од неолитот до создавањето современа рударска населба.

-Идејата за овој труд кој деновиве го имаме во електронска верзија, потекна уште од моите студентски денови (1997-2001). Материјалите од кои произлезе оваа брошура беа внимателно собирани, селектирани и препрочитувани неколку месеци, а на брошурата е работено околу 2 месеци и истата во електронска форма е направена пред девет години. Светлото на денот во пишана форма со тврд и мек италијански подвез го здогледа на празникот Успение на Пресвета Богородица година дена подоцна, вели авторот Митевски.

Тиражот на брошурата е 500 примероци, брошурата е издадена со а главниот спонзор на оваа мала книга беше поддршка на Рудник Саса” од М.Каменица, претставувана од тогашниот генерален директор г-нот Александр Раков.

Книгата како што додава авторот има и англиско издание.’ Освен „Кратка историја за Македонска Каменица“, претходно Митевски ја има издадено и монографијата 30 години – КУД „Вера Јоциќ“

Линк од каде може да се превземе монографијата

https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=https%3A%2F%2Fwww.academia.edu%2F5887962%2FKratka_istorija_-_Mak_Kamenica_vnatresen_za_meil&ved=2ahUKEwjH8JjnxcbnAhUxxKYKHfxeBZMQFjAAegQIAxAB&usg=AOvVaw2lVdaJfdY_Svwv-It17b0k&fbclid=IwAR1cFcuD7M88UJvNnekNdKC99d7dVGF-RIFfUCdKG1yShl9JLL-UQP2uCFU

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*