Заменик амбасадорот на Германија Ото Граф во посета на Делчево

Во работна посета на Делчево денеска престојува заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ото Граф, кој имаше средба со делчевскито градоначалник Горан Трајковски, а го посети и Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ каде изврши примопредавање на машина која е набавена преку малите проекти на германската амбасада,

На средбата се разговараше за актуелните проекти кои се реализираат во Делчево, а заменик- амбасадорот Граф, посебно се интересираше за економскиот развој на Делчево, трговската размена со соседна Бугарија и за повеќе други специфики.

-Целта на посетата е да се примопредаде во употреба машина за одзатнување канализација, донирана од Германската амбасада преку Фондот за мали грантови и ја искористивме оваа прилика да се сретнеме со градоначалникот Трајковски за да се запознаеме со спецификите на Делчево, да разговараме за многу теми, за економскиот развој и други нешта. Се надеваме дека ова нема да бидем последна посета и дека нашата соработка ќе продолжи и во иднина, рече заменик-амбасадорот Граф.

Како резултат на добрата соработка градоначалникот Горан Трајковски потсети дека ова е трета донација на Делчево од Германската амбасада.

– На средбата го запознавме г-нот Граф со приоритетите на Општината како погранично место, со нашите заложби, со актуелните проекти кои одат во насока за да го подобриме квалитетот на животот на нашите сограѓани. Посебно ја цениме поддршката што ја добиваме од германскиот народ, преку Фондот за мали грантови, а Делчево досега има добиено три донации за што сме посебно благодарни, рече Трајковски.

Според директорот на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ Стојче Стојковски, донацијата во голема мера ќе ја подобри ефикасноста и ефективноста на работата на претпријатието.

-Станува збор за машина за одзатнување и чистење канализација модел вибра Г-2900 и работи на воден притисок до 20 бари, наменета е за одзатнување и перење канализациска мрежа со пречник до 250 мм. Како претпријатие располагаме со 78 км канализациска мрежа и со донацијата значително ќе се подобри квалитетот на услугите, истакна Стојковски.

Вредноста на донацијата од германската амбасада за јавното комунално претпријатие изнесува 450 илјади денари.

Германска донација причина за посетата на германскиот амбасадор Ото Граф на Делчево

Германска донација причина за посетата на германскиот амбасадор Ото Граф на Делчево

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 11 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*