Со концерт на староградска музика ќе се слави празникот на виното и љубовта во Македонска Каменица

Во организација на Културно-информативниот центар „Романса“ од Македонска Каменица, во пресрет на празникот на виното и љубовта на 13 февруари 2020 година, со почеток во 19.00 часот во Домот на култура во Македонска Каменица, ќе се одржи концерт на староградска музика.

На концертот како што информираше директорот на установата Горан Оганновски, учество ќе земат неколку групи и оркестри од поблиското опкружување.

-На настанот своето учество го потврдија женската пејачка група „Ѓурѓа“ со оркестарот „Пијанечки еснафи“ и женскиот квартет „The Quens“ Групите ќе изведат македонски староградски песни во посебни и препознатливи аражмани за нив. Сметаме дека ова претставува убав повод во пресрет на празникот на виното и љубовта на публиката од Македонска Каменица и регионот да им понудиме вистинско музичко уживање во прекрасната македонска староградска музика, истакна Огнановски.

Потребните средства за организација на овој настан се обезбедени од Буџетот на општина Македонска Каменица, согласно програмата за работа на Културно-информативниот центар Романса.

Настанот ќе се одржи во киносалата во Македонска Каменица, а влезот е бесплатен.

По тој повод се потсетуваме на настапот на пејачката група Ѓурѓа и солистот Кире Цоневски, концерт кој минатата година со настап на повеќе групи и оркестри се одржа во Делчево

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*