Врачени решенијата на добитниците на општински стипендии во Делчево

Врачени решенијата на учениците и студентите од Делчево кои се здобија со стипендии за учебната и студиската 2019/20 година. Годинава, вкупно 18 средношколци кои аплицирале во двете категории согласно со објавениот јавен Конкурс и 10 студенти кои ги исполнија условите согласно со предвидените критериуми, ќе добиваат стипендии од буџетот на општината за период од 9 месеци.
Доделувајки им ги решенијата, градоначалникот Горан Трајковски, истакна дека интенција на Општината е да се стимулираат младите за поголеми успеси во образованието.

– Годинава имаме зголемување на бројот на доделени стипендии, така што во транспарнетен процес доделивме вкупно 28 стипендии во 4 категории. Потребите од зголемување на бројот на ученици кои ќе добиваат стипендии е резултат на големиот интерес за општински стипендии кај средношколците кои со својот континуиран одличен успех и постигнатите резултати на натпреварите заслужуваат поддршка од Општината и е во согласнот со политиката за поддршка и мотивација на талентираните ученици за постигнување подобри резултати во образовниот процес, рече Трајковски.

Во насока на стимул на средношколците Трајковски напомена дека се доделени и три стипендии на првенците на генерацијата во трите училишта, награди за освоени високи места на државни и меѓународни натпревари, а општината, како што додаде секоја година доделува и наградно патување низ Европа на 10-те најдобри матуранти од делчевската гимназија. За оваа намена од буџетот се издвоени вкупно 805 илјади денари.

Бројот на предвидени стипендии согласно со програмата на општината за оваа намена, како што потенцираа од општината се зголемува два пати во последниве две години, односно од 12 на 28 стипендии. Оваа година почитувајќи ги критериумите, комисијата одлучила да се доделат 18 ученички стипендии во двете категории и во износ од 1000 денари, односно 1,500 денари и 10 студентски стипендии во износ од 2000 денари, односно 3,500 денари.

Студентката Бојана Симевска изразизадоволство од поддршката која општината им ја дава на студентите.

-Јас сум Бојана Симевска, студент сум на Медицинскиот факултет во Штип. Оваа година и јас се најдов меѓу студентите кои добија стипендии. Ова ни е еден вид на мотив кој во иднина ни овозможува да постигнеме поголеми успеси, истакна Симевска.

Во насока на поддршка на обраованието од почетокот на новата школска година од септември 2020 општината воведе нова мерка со која од Буџетот ќе се издвојуваат парични средства во висина од 3.000 денари за секое прваче кое ќе го започне школувањето во делчевските основни училишта.

Врачени решенијата на уечниците и студентите од Делчево кои добија општински стипендии

Врачени решенијата на уечниците и студентите од Делчево кои добија општински стипендии

Posted by delcevo365.mk on Tuesday, 11 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*