Обезбедени средства за реконструкција на кровот на Спомен домот на Разловечкото востание

Во рамките на програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година, Министерството за култура одговори позитивно на апликацијата од Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево и одвои 500 илјади денари за доизградба и санација на кровната конструкција на Спомен-домот „Разловечко востание“.

Инвестицијата ќе се реализира во текот на 2020 година.

-Со реализацијата на оваа активност по толку години, овој значаен историски објект кој го чува споменот на првото самостојно вооружено востание на македонскиот народ за ослободување од Отоманската Империја, ќе се спаси од пропаѓање, истакнаа од делчевскиот Центар за култура.

Спомен-домот посветен на Разловечкото востание повеќе од десет години како што информираат од установата е во кататстрофална состојба. 

-Пред пет години беше започната поткровната реконструкција, но кровот беше оставен без ќерамиди. Оттогаш, ова е прва посериозна инвестиција на Министерството за култура врз објектот кој е во сопственост на државата, а даден на трајно користење на нашата установа, информираат од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Спомен-дом „Разловечко востание“ е значајно и уникатно архитектонско дело на архитектот, проф. д-р Георги Константиновски кој во 1980 ја освои и првата награда за архитектонско решение на весникот „Борба“ на ниво на СФРЈ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*