Во тек пријавувањето за Планинарскиот марш на Голак по повод 76 години од Февруарскиот поход 🇲🇰🇲🇰🇲🇰

По повод 76-годишнината од Февруарскиот поход, Општина Делчево организира планинарски марш до планината Голак на ден 23 февруари 2020.

За таа цел, Општина Делчево ги повикува граѓаните, здруженијата, јавните преторијатија, институции, политички партии и други, да земат учеството во традиционалниот планинарски марш со кој се одбележува значаен датум од НОВ.

Во рамките на одбележувањето на 76-годишнината од Февруарскиот поход, учесниците на планинарскиот марш, ќе положат свежо цвеќе пред спомен -плочата на Февруарскиот поход, ќе бидат доделени благодарници од Општина Делчево на учесниците на маршот. За учесниците на маршот, организаторот има обезбедено ручек и топол напиток (чај).

Програма:
📌📌📌2️⃣3️⃣.0️⃣2️⃣.2️⃣0️⃣2️⃣0️⃣ година (недела)📌📌📌

=> 07:15 ⏰-Тргнување од пред Спомен-домот АСНОМ во центарот на Делчево на учесниците во маршот (маршрута: Делчево-Стар Расадник-манастирски комплекс „Св. Богородица Балаклија“-детско одмаралиште-шумска зграда). Патеката е долга 24 километри (во двата правци).

=> 11:15 ⏰ – Свеченост по повод 76-годишнината од Февруарскиот поход и полагање свежо цвеќе пред спомен-плочата на Февруарскиот поход.

=> 12:30 ⏰ – ручек 🍽🍽🍽 🍲🍞🥨🥤🍶🧂

=> 14:00 ⏰- Враќање на учесниците по истата патека, Голак-Делчево.

Пријавување за учество на настанот кај лицето Љупчо Чучуковски на тел 070/605-137 или во Општина Делчево на тел. 033 411 550.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*