Вечерва во организација Културно-информативниот центар ,,Романса” во Македонска Каменица се одржа најавениот концерт на староградска музика во чест на ,,Виното и Љубовта“.
На концертот учество зедоа квартетот ,,Квинс” од Виница, како и женската пејачка група „Ѓурѓа“ со оркестарот „Пијанечки еснафи“ и солистот Кире Цоневски од Делчево.
За Цоневски беше чест да се биде дел од настанот кој ја негува убавата староградска песна.
-На настанот се претставивме со неколку препознатливи староградски песни меѓу кои ,,Кој што ме чуе да пеам”, Се собрале млади моми” и други карактеристични староградски песни познати на јавноста. Се надевам дека настанот ќе прерасне во традиција и дека повторно ќе бидеме гости во М.Каменица, рече Цоневски.
Концертот беше убав повод во пресрет на утрешниот празник каменичани да се опуштат и да уживаат во прекрасната македонска староградска музика, додаде директорот на КИЦ ,,Романса”, Горан Огнановски.
Поддршка за организацијата на настанот Културно-информативниот центар Романса доби од општина Македонска Каменица чија градоначалничка Соња Стаменкова беше меѓу присутните на концертот.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=750496342142777&id=268787666980316
Leave a Reply