Продолжува доизградбата на соборниот храм „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево

Со изградба на кровната конструкција, денеска започна втората фаза од доизградбата на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Делчево. Работите треба да завршат за два месеци, а средствата за доизградба на кровната конструкција се донација од д-р Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“ од Софија, како и средства обезбедени од донаторската сметка на Општина Делчево отворена за таа намена.

Деллевскиот градоначалник, Горан Трајковски, изрази голема благодарност за поддршката од д-р Врабевски кој беше донатор и за доизградба на фасадата на соборниот храм во Делчево.

– Несебичната поддршка на д-р Врабевски и на Фондацијата и неговата донаторска мисија и поддршка на Делчево, уште еднаш докажува за големото пријателството и искрена соработка и почитување. Посебно сум задоволен што д-р Врабевски го препозна значењето на овој соборен храм за граѓаните на Делчево и излезе во пресрет и очекувам наскоро овој грандиозен верски објект да го го добие својот конечен лик. Станува збор за еден од најубавите верски храмови во регионот, а центарот на Делчево, каде што се наоѓа црквата, ќе добие една заокружена целина и атрактивен простор за гостите и за самите жители, рече Трајковски.

Трајковски, уште еднаш ги повика граѓаните и фирмите на Делчево да донираат за доизградбата на црквата на донаторската сметка отворена за таа намена со цел да се заокружи и ентериерното уредување на верскиот објект.

Инаку, фасадата на црквата е целосна донација од донаторот Милен Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“, додека влезните врати се донација од фирмата ДООЕЛ „АЛДАРИВО“ од Пехчево.

Донации за доизградба на соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“во Делчевоможе да се уплаќаат на следниве сметки: 

За фирми, односно компании-

7200140320785И0
приходна шифра: 744111
програма: 00

За физички лица

7200140320785И0
приходна шифра: 744211
програма: 00

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*