Се градат пристапните рампи на првиот пешачки мост во Делчево

Се поставуваат пристапните рампи на првиот пешачки мост на реката Брегалница во Делчево. Вредноста на работите изнесува 3,5 милиони денари, а средства како што информираат надлежните се обезбедени од буџетот на Општина Делчево.

-Согласно со проектот, пристапните рампи на пешачкиот мост се составени од пешачка рампа и скали изградени од бетон, а поплочени со ќерамички плочки. Пристапните рампи ќе добијат соодветно осветлување со канделабри, информираат од општината.

Доколку дозволат временските услови, како што додаваат работите од страна на изведувачот СД ,,Транс”, треба да завршат најдоцна за два месеци.

-Со изградбата на пристапните рампи комплетно се заокружува инфраструктурниот проект „Збогатување на туристичката понуда со изградба на пешачки мост на река Брегалница во Делчево“. Минатата година беше изграден пешачкиот мост на река Брегалница кој го поврзува стариот со новиот дел на градот, но претставува и украс на градот и е дел од туристичкиот пакет на Делчево, додадоа од општината.

Претходно кон крајот на годината се изгради и пристапна улица во должина од 120 метри со која пешачкиот мост доби заокружена инфраструктурна целина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*