Видео: Од настапот на ,,делчевецот” Влатко Нушев во Кореја

Во видеото објавено на фејсбук профилот на виртуозот Симон Трпчески во рамки на МАКЕДОНИСИМО турнејата во Јужна Кореја ги гледаме неверојатните способности на ,,делчевецот” Влатко Нушев во кратка најава за средба со корејскиот инструмент Јанггу! 🙂

MAKEDONISSIMO Tour in South Korea… the amazing abilities of Vlatko Nushev at a short notice encounter with the Korean instrument Janggu! 🙂

Posted by Simon Trpčeski on Saturday, 15 February 2020

Влатко Нушев (1981) дипломирал ударни инструменти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, каде и магистрирал во 2008 година. Настапувал на бројни концерти во рамки на фестивалите: „Денови на македонска музика“, „Скопско лето“, „Музика Вива“, „Интерфест Битола“, „Мајски оперски вечери“. Добитник е на меѓународни награди и признанија:

I награда на 41–ви национален натпревар VI категорија 2003 ,

I награда „Yamaha„music fondation of Europe“ 2001,  

II награда  IX меѓународен натпревар „Музиката и Земјата“ Софија  2001,  

Специјална награда „Жан Бернар Бошан“ Софија 2001, 

I награда  меѓународен натпревар -„Проф.д–р Д. Палиев-Проф. д–р х.к. З.Финк” Р.Бугарија 2001 – ансамбл „Сонант”,  

III награда–IX меѓународен натпревар „Музиката и Земјата” Р. Бугарија ансамбл „Сонант”, 

II награда – XI меѓународен натпревар „Музиката и Земјата” Р. Бугарија 2003 ансамбл „Сонант”.

Од 2005 г. работи како перкусионист во Оркестарот на Македонска опера и балет. Во 2011 г. започнува да работи како наставник по удирачки унструменти  во приватното музичко основно училиште „Пијано Форте“. Од 2014г. предава на катедрата за удирачки инструменти при Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Член е на ансамблот за современа музика „ConTempora“, и како дел од повеќе авторски бендови активен е од 1992 година, каде се претставува како тапанист, композитор, аранжер и продуцент. Од 2017 г. е дел од проектот „Makedonissimo“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*