Ќе се гради крак од улица Плачковица во Делчево, неасфалтирана 28 години

Крак од улицата Плачковица која се наоѓа во највисокиот дел од населбата Маџир Маало наскоро ќе добие нов асфалт. Ова денес го најави делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, кој рече дека им излегуваат во пресрет на граѓаните, кои долги години газат кал на овој потег од градот.

-Конкретно за крак од улицата Плачковица во Маџир Маало во стариот дел од градот, можам да кажам дека тие жители никогаш немале патна инфраструктура. Во моја комуникација со граѓаните од тоа место, им кажав дека веќе имаме нарачано проект и по неговото одобрување истите ќе добијат асфалтирана улица, рече Трајковски.

Освен во населба Маџир Маало, како што додаде делчевскиот градоначалник проекти се поднесени и за улици во населбата Расадник.

-И во населбата Стар Расадник имаше реакција од граѓаните за она што не е направено со години и таму се запознаени граѓаните дека има проекти за да се направат улиците Христијан Тодоровски – Карпош и Видое Смилевски – Бато. Се надеваме дека после ревизијата ќе бидат дадени како нарачка на економскиот оператор, тендерот пред одреден временски период заврши, така што сите тие проекти кои ги имаме дадено за проектирање без забелешки од проектантите ќе бидат реализирани и со тоа во голема мера ќе го подобриме животот на нашите сограѓани, рече Трајковски.

Трајковски се осврна и на она на што се работи во моментот како и на другите проекти предвидени за реализација во наредниот период меѓу кои улица во село Тработивиште која ќе се гради како дел од проектот „Водоснабдување на Делчево“.  Планирани се и три улици во село Град, две улици во село Стамер и една улица во село Вирче. По одобрувањето на проектите, најави почеток на градежните активности.

Што се однесува до споменатиот крак од улицата Плачковица на која еден крак не е асфалтиран, Миле Миленковски, жител на населбата Маџир Маало, вели дека 28 години никој не се зафатил со решавање на проблемот.

-Дваесет и осум години живееме во кал. За да одиме до чаршијата кондурите ги носиме во раце. Мерена е  улицата во минатото најмалку 15 пати, а не е правена ниту еднаш, вели Миленковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*