Чисти оџаци, работи со гипс картон и умее други градежни активности само за да обезбеди пари за лекување на сопругата Николина. Ваква е приказната на Тофил Авазовски од делчевското село Тработивиште кој вели дека иако умее да работи тешко се наоѓа работа. Од 30 дена во месецот отприлика работи само две недели. Од тоа успева да обезбеди едвај 5000 денари кои не се доволни за живот, а камоли за лекување на неговата сопруга за која поседува медицински наоди дека итно и е потребно лекување.
Живеат во куќа во Тработивиште која им е дадена под кирија но сопственикот нема душа да им наплати, бидејки ја знае нивната состојба. Во дворот имаат направено „фолија“ од која обезбедуваат јадење во летото, но сепак вели Тофилчо не се живее само од тоа. Потребни им се средства и како што вели Авазовски работа, бидејки без пари не се живее. Не се плаши од работата и едвај чека некој да го викне за да заработи некој денар.
Од Центарот за социјални работи информираа дека досега не побарал помош или нивна консултација Според медицинските наоди неговата сопруга би можело да ја следува нега од друго лице, но сепак треба да се разгледаат документите. Од таму велат дека доколку го посети Центарот ќе му биде образложено кои постапки треба да ги направи и за каква помош би можел евентуално да аплицира.
Приказната на Тофил Авазовски погледнете ја во продолжение. Доколку некој сака да го ангажира за она што знае да го работи со гипс-картон и чистење оџаци телефонскиот број на Тофил Авазовски е 076-622-469
Leave a Reply