Во пресрет на „Задушници“ активности за чистење на јавниот простор во неколку делчевски села

Се чисти просторот на селските гробишта во Разловци и Тработивиште. Активностите ги реализираат екипи на ЈКП „Брегалница“ од каде информираат дека поради празникот „Задушници“ деновиве активно работат на расчистување на селските гробишта во двете делчевски села.

-Покрај редовните активности за редовно чистење и одржување на јавните површини, наши екипи во пресрет на верскиот празник Задушници, кога традиционално голем број христијански верници ги посетуваат гробовите на своите блиски, спроведоја акција за чистење растителен и друг отпад и уредување на површините на селските православни гробишта во двете села. Состојбата со селските гробишта, посебно во селото Тработивиште е аларамантна, бидејќи овде ваква акција не е спроведена подолг период, ниту од МЗ на селото, па затоа претпријатието одговори на барањата на жителите, информираа од ЈКП „Брегалница“.

Претходно, акции за расчистување на површините под опфат на селските гробишта беа спроведени во селата Габрово и Град.

Истовремено од делчевската полиција по повод утрешниот ден најавуваат дека возилата кои ќе ги посетат градските гробишта препорачливо е да ги почитуваат упатствата на сообраќајните полицајци, кои ќе дежураат за време на активностите за празникот „Задушници“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*