Загрижувачки вести од нашинците во Италија. Корона вирусот уби две лица и заразил уште 51 во северна Италија, принудувајќи ги властите да забранат јавни настани, а на компаниите им е дадена наредба работниците во погодените области да останат дома.
Од корона вирусот почина 77-годишна жена од Милано, како и 78-годишен маж кој починал од инфекцијата во близина на Падова.
Меѓу 12 лица заразени од коронавирусот се мајка и ќерка од регионот Венето, која е најпогодената област во Европа. Најголем број од случаите се сконцентрирани во Ломбардија, економскиот и индустриски центар на земјата.
Регионалниот советник за благосостојба Џулио Галера за www.jpost.com пред новинарите изјавил дека центарот на епидемијата е Кодоно, мал град југозападно од Милано, каде што бил третиран првиот заразен пациент на Ломбардија.
-Пациентот е 38-годишен маж, кој се разболел откако се сретнал со еден пријател кој ја посетил Кина. Неговата состојба се стабилизира, соопшти Галера.
Стапката на зараза е доста силна, додаде тој.
-Сите оние кои тестирале позитивно се луѓе кои на 18 и 19 февруари оствариле контакти со ургентната сала и болницата Кодогна. Вкупно 259 лица се проверувани во областа во изминатите два дена, а 35 на тестот се позитивни. Стапката на зараза од 13% е доста силна, додава Галера.
Семејства од Делчево кои живеат во близина на погодената област според зборовите на нивните роднини живеат во паника и страв од можната зараза. Засега нема информации за заразени македонски државјани. Периодот е доста чувствителен имајки предвид дека поголема група граѓани од Источна Македонија ќе заминат на привремена работа во Италија што е потенцијална опасност од нивна можност да дојдат во контакт со заразено лице од корона вирусот.
Целата вест за појавата на корона вирусот во Италија на линкот во продолжение:
Leave a Reply