На Голак одбележана 76 годишнината од Февруарскиот поход

Делчево денес со почит се сеќава на 76 годишнината од Февруарскиот поход и борбените дејствија на Третата борбена единица која дејствувала на територија на планините Голак, Осогово, Плачковица и Беласица. 

Февруарскиот поход, како што истакна градоначалникот Горан Трајковски, не обврзува со почит да се сеќаваме на еден бурен период во нашата историја.

 -Денес е ден кога се сеќаваме со почит на жртвите кои го дале својот живот за слободна и независна и суверена македонска држава. Аманетот на тие борци не обврзува да сите ние се бориме за да се издигне нашата држава на европско ниво и да ја етаблираме во европското семејство со сите вредности, рече Трајковски.

Во рамки на настанот денес околу 50 планинари успешно го испешачија патот од Делчево до планината Голак.

-Маршрутата беше долга 10 километри во еден правец. На маршот учествуваа наголем дел млади планинари кои се членови на младинската секција при нашиот планинарски клуб како и возрасни планинари, како од Делчево така и од околните градови, со што дипчринесовме во одбележувањето на овој настан, истакна Љупчо Чучуковски кој беше одговорен за реализирањето на марш

Планинарски марш по повод 76 години Февруарски поход

Планинарски марш по повод 76 години Февруарски поход

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 23 February 2020

Покрај делегација на општината пред спомен плочата посветена на Февруарскиот поход на Голак, свежо цвеќе положија и претставници на делчевскиот совет на чело со претседателот Драган Маневски, претставници на пензионерите, Организацијата на резервни офицери на Македонија, планинари како и останати здруженија на граѓани. Реферат за значењето на Февруарскиот поход читаа членови на КУД ,,Гоце Делчев” од Делчево.

Од одбележувањето на 76 годишнината на Февруарскиот поход на Голак

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 23 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*