Основци од деветолетката „Св.Климент Охридски“ Делчево се запознаа со работата на локалната самоуправа

Кои се надлежностите на една општина, дали има еко-патроли, каде ќе се наоѓа филтер-станицата за вода во Делчево и како изгледа еден работен ден на градоначалникот. Ова се само дел од прашањата што ги поставија учениците од 4-те одделенија при деветолетка „Св.Климент Охридски“ од Делчево на школскиот час по предметот општество кои го одржаа во просториите на Општина Делчево.

-Во рамките на предметот општество, 60-тина ученици денеска имаа средба со градоначалникот Горан Трајковски кој ги запозна учениците со улогата и надлежностите на Општината и со должностите на градоначалникот, приоритетните проекти за реализација и начинот на кој функционираат одделенијата и секторите во Општина Делчево, но одговараше и на нивните прашања, информираа од Општината.

Посетата на ученици на Општина Делчево и на градоначалникот, како што додадоа се организира редовно во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за нејзините надлежности, органите на управување и начинот на носење одлуки.
Во наредниот период ваква активности по предметот Општество се планирани и со учениците од деветолетката „Ванчо Прке“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*