Корона вирусот ги зајакна мерките во здравствениот дом и на граничниот премин Делчево

Делчевскиот здравствен дом со внимание ги следи препораките за ситуацијата со Корона вирусот и мерките на претпазливост кои налагаат одредени дејствија согласно последниот состанок на Владата. Во моментот напатствија од Министерството за здравство за конкретно делување на делчевската здравствената установа во таа насока не се забележани, но сепак поради тоа што Делчево е град кој од соседна Бугарија е оддалечен на само неколку километри, од здравствениот дом во Делчево по денешниот состанок на колегиумот најавија зајакнати мерки за подобрување на хигиената во установата.

-Напаствија од Министерството за здравство за нашиот здравствен дом се уште немаме, но истите ги очекуваме. Тоа не значи дека нема напатствија на ниво на општина од Министерството за здравство, па затоа ние веќе преземаме тоа што е во наша надлежност. После состанокот што го одржа Владата веќе се дефинирани насоките за однесување на Центрите за јавно здравје во однос на здравството, пограничната полиција и другите институции во општината. Ние сме на 10 километри од границата со Бугарија и промет на патници има нон-стоп, заради тоа веќе преземавме одредени мерки, а после заседавањето на стручниот колегиум, уште повеќе ќе ги зајакнеме мерките во она што треба да правиме и тоа што е во наша надлежност. Ние во Здравствениот дом, покрај редовните, правиме и посебни вонредни мерки на дезинфекција, особено на тоалетите кои се користат од страна на пациентите. Ударен тоалет е пред лабораторијата во здравствената установа, кој постојано се чисти, но истиит е најпрометен, бидејми се дава урина на анализа и затоа и досега и во моментот тоалетот постојано се чисти. Тука апелираме до граѓаните колку помалку да го користат и да носат марамчиња, бидејки иако постојано се чисти, некогаш има и над 150 пациенти и при допир со квака, подложноста на било каква инфекција е најголема. Истото се однесува и на Итната медицинска помош, каде откако сум раководител на Здравствениот дом, возилата никогаш не ги носиме во автоперална, туку постојано ги дезинфицираме, исто така и покрај тоа што имаме медицинска опрема во возилата, имаме константно чисти чаршафи, ќебиња кои се за една употреба и тука можат да бидат мирни граѓаните, вели Глигоровска.

Зборувајки за Корона вирусот, Глигоровска додава дека оваа дезинфекција е мошне важна за избегнувањето близок контакт со лице кое е заразено.

-Дезинфекцијата во моментот е мошне важна, бидејки Корона вирусот е еден тип на тежок грип, капкаста инфекција која се пренесува преку воздух, кога се искија пациентот, кога се искашла. може да настане во директен контакт и затоа треба да се избегнува близок контакт со пациентот. Исто така на површините каде ќе се искашла пациентот, останува вирусот од капките, со тоа што, ако се фати друг човек со рака и потоа се фати за очи или за уста, вирусот веднаш се пренесува. Заради тоа треба тие површини да се чистат, односно рацете секогаш треба да се мијат со сапун, со топла вода, тоа е основна заштита која треба народот да ја користи. Симптомите се слични за грип, меѓутоа при сомнение за потешка форма на грип, се прават посебни анализи за присуство на Корона вирусот. Гледате и сами дека и Корона вирусот е смртоносен, но и обичниот грип може да биде смртоносен, особено за хронични болни, заради тоа и сами знаете ние правиме кампањи за вакцинација против обичниот грип. Тоа се докажува во посебни лаборатории, така што пациентот може да има во себе Корона вирус, но да нема во себе симптоми ако организмот има добар имунитет, додава Глигоровска.

Имајки предвид дека голем дел граѓани од Делчево се на привремена работа во Италија, во однос на патниците кои ќе доаѓаат од Италија, ќе се следат препораките на Владата која строго регулира каде пациентите може да влезат.

-Центрите за јавно здравје во таа насока имаат строги напатствија кои треба да ги почитуваат. Иако ние не сме надлежни, за сите патници кои доаѓаат од Италија јас остварив контакт со Граничната полиција, при што им укажавме дека сме подготвени да им помогнеме со кадар и возила доколку има потреба за тоа. Имаат посебни напатствија како да им помагаат на пациентите. Бидејки сомнителните случаи не се пуштаат од Италија, не се очекува голем наплив на патници за Велгиденските празници, не верувам дека ќе дозволи самата Италија, а и ние имаме посебни мерки за тоа, така што оние кои ќе добијат посебни дозволи да патуваат ќе имаат и напатствија како и да се однесуваат, дополни Глигоровска.

Глигоровска додаде дека засега нема никакви проблеми во однос на појавата на Корона вирусот, не очекува да има проблем со вирусот, ако не дај боже нешто се случи од Здравствениот дом во Делчево остануваат отворени за било каква информација за појавата со новиот вирус.

-За нас е најважно да проодлжи добрата комуникација и соработката со Центарот за јавно здравје, Граничната полиција и други институции во општината, бидејки Делчево како погранично место е многу блиску до границата со соседна Бугарија, тука поминуваат секакви луѓе, кои може да бидат без симптоми, а да го имаат во себе Корона вирусот, тоа може да создаде инфекција. Затоа ќе се придржуваме кон справување со овој проблем. Очекуваме да добиеме понатамошни инструкции, ако не дај боже се случи и кај нас да имаме пациенти со овој вирус, така што ќе видиме, како ќе се одвиваат понатаму работите, додава Глигоровдка.

Влатко Калаџиски, комадир во Регионалниот центар за гранични работи Исток, вели дека граничната служба врши зајакнати гранични проверки, преку делење флаери и засилено профилирање на сите патници кои доаѓаат од Италија.

-Ова особено важи за патници кои престојувале во Северна Италија, како и патници кои доаѓаат од држави кои веќе се зафатени со вирусот. Како гранична служба во делот на препораките од Центарот за јавно здравје со кого имаме редовен контакт, акцентот на проверка на патниците кои поминуваат на граничниот премин Делчево е во делот на здравствени проблеми, како покачена тепмпература, респираторни симптоми, отежнато дишење, кашлица и кивање, вели Калаџиски.

Од Регоналниот центар апелираа патниците да се придружуваат кон насоките на Министерството за здравство и доколку забележат било какви симптоми од горенаведените веднаш да побараат лекарска помош.

Опасноста од Корона вирусот ги зајакна мерките во здравствениот дом и на граничниот премин Делчево

Опасноста од Корона вирусот ги зајакна мерките во здравствениот дом и на граничниот премин Делчево

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 26 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*