По вандалскиот чин во кој беше откорнат сообраќаен знак (огледало) поставено за подобра прегледност на свиоците на патниот правец Делчево – Голак, совесни граѓани во акција за санирање на вандалскиот чин.
Огледалото благодарение на совесните граѓани повторно е вратено на местото на кое треба да биде поставено за вршење на неговата основна намена.
Совесните граѓани со порака до вандалите:
-По вандалскиот чин на некои несовесни граѓани, јас и мојот другар решивме да го ставиме пак во функција огледалото кое беше срушено на земја. Се надеваме дека во иднина ќе ги почитуваат и нема да ги кршат сообраќајните знаци како на планината Голак, така и на сите патишта, вели во објавата на својот фејсбук профил делчевецот Мијалче Илиевски на кого помош при работата му пружи возачот Борче Стојковски.
Секоја чест за ваквиот потег, а едно големо УААА…за вандалите на кои им смета сето она што е направено од буџетот на граѓаните.


Leave a Reply