Известување од Општина Делчево!!!

Согласно со насоките од Генералниот секретаријат од Владата, Општина Делчево ги известува сите вработени во Општина Делчево и локалните институции и претпријатија, вработените во основно и средното образование, како и сите ученици и студенти дека ДОКОЛКУ во последниве две недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е:

Да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето на телефонска и е- адреса на институцијата.

На тој начин ќе се соберат релевантните информации за состојбата со корона вирусот, а институциите ќе може навремено и ефективно да реагираат.

Повикуваме на максимална лична одговорност на секој еден вработен во институциите, родителите на децата во образовен процес и сите граѓани.

Лицата кои согласно со горенаведеното нема да доаѓаат на работа се должни до Одделението за човечки ресурси електронски да достават скенирана патна исправа како доказ за патувањето во наведените региони.

Делчево, 27 февруари 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*