По првиот случај нови мерки за заштита од Корона вирусот

По појавата на првиот случај со Корона вирус во Македонија, од синоќа делчевските епидемиолози на готовс. Како што информираше директорката на Здравствен дом Делчево, Марија Глигоровска тие ќе бидат во 24 часовна приправност и нон-стоп достапни за граничните служби. Ова како што додаде Глигоровска е резултат на вчерашниот заеднички состанок кој екипи на Епидемиолошкото одделение го имаа со претставници на Центарот за јавно здравје од Кочани, на кој е дефинирано да се следат препораките на Министерството за здравство за вршење преглед на сите патници, кои на граничните премини ќе пристигнат од погодените подрачја со Корона вирус.

-Нашата екипа беше во Кочани, при што е договорено да се воведат дежурства со тоа што епидемиолозите ќе бидат 24 часа во приправност. Целта на овие дежурства е секој патник што ќе дојде од ризичните подрачја да биде прегледан, согласно упатствата на Министерството за здравство. Она што радува е дека првиот случај веднаш беше детектиран и згрижен, заради што ваквата пракса на превентивни прегледи ќе продолжи, со што искрено се надевам дека ќе се спречи ширењето на Корона вирусот, вели Глигоровска.

Со цел да се елиминира опасноста од појава на вирусот, Глигоровска препорача граѓаните без потреба да не ја посетуваат делчевската здравствена установа.

-Повторно морам да кажам дека состојбата не е алармантна, но ние мора да се подготвиме и за случаи кои може ќе дојдат и во нашиот град. Затоа ги замолувам сите пациенти со хронични заболувања и оние кои не се итни, да не ја посетуваат амбулантата, особено за анализи кои редовно ги прават. Нашите граѓани кои доаѓаат од Италија ако имаат било какви симптоми на грип, да не се движат и да се изолираат меѓу своите мили, пред се заради себе, но и заради семејството и околината. Исто така на младите им препорачувам да не се движат во загушливи простории, заради нивно здравје, заради нивна сигурност, вели во апелот до населението директорката на делечвскиот здравствен дом.

Во рамки на денешниот ден, како што додаде, ќе се одржи состанок и со приватните матични доктори, средба на која ќе биде договорена стратегијата за понатамошното делување во врска со евентуалната појава на Корона вирус и во овој регион.

По појавата на Корона вирусот, епидемиолози од ноќеска дежураат на граничниот премин Делчево

По појавата на Корона вирусот, епидемиолози од ноќеска дежураат на граничниот премин Делчево

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 27 February 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*