Важно известување за сите Македонци кои од Северна Италија се враќаат во државата!!!

Веќе неколку дена на сила, согласно одлука на Владата е ограничувањето за влегувањето во земјата на лицата кои доаѓаат од кризните подрачја од Северна Италија само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини на Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.

На овие гранични премини се засилени мерките за контрола на воздушните и сувоземните гранични премини заради намалување на ризикот од појава и ширење на Корона вирусот. Тоа значи дека на граничниот премин Делчево и Ново Село, државјани кои доаѓаат од регионите во Северна Италија зафатени со вирусот не можат да влезат во државата.

Поради одбегнување секакви компликации околу ширењето на Корона вирусот и да се избегне патувањето и по неколку стотини километри на самите патници кои доаѓаат од споменатите подрачја во Северна Италија добивме и официјална потврда од надлежните органи дека по 25 февруари 2020 година сите патници кои барале влез во Македонија на граничните премини Делчево и Ново Село се вратени назад.

Поради одбегнување било какви трошоци за сите оние кои планираат да влезат преку овие гранични премини, надлежните посочуваат дека истите согласно препораките ќе бидат вратени назад. Затоа препорачливо е да се почитува одлуката со која влез во државата е дозволено само преку граничните премини на Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир како и аеродромите во Охрид и Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*