Натпреварот во женска кошарка помеѓу Патриот 2016 и Крива Паланка се одигра без присуство на публика

Натпреварот во У-16 конкуренција помеѓу екипите на Патриот 2016 и Крива Паланка кои се играат под капата на Кошаркарската федерација, денес се одиграа без присуство на публика во Делчево. Како што информираше тренерот на делчевки Љупчо Петровски ова е резултат на упатствата на Владата, а поради појавата на Корона вирус во земјава.

-Како што ни беше наложено, на овој натпревар немавме публика поради актуелната ситуација со Корона вирусот. Можеби тоа влијаеше на играта на нашата екипа која загуби од подобриот тим од Крива Паланка, истакна Петровски.

Додава дека екипата на Патриот 2016 која се натпреварува и во Првата кошаркарска лига на РСМ, денес со почеток од 15:00 часот го игра заостанатиот натпревар со истоимената екипа.

-Нема да се предадеме на овој натпревар. Тие се фаворити, но јас ќе им дадам шанса на сите кошаркарки за да се здобијат, со што поголемо искуство кое ќе им биде потребно во понатамошните натпревари, додава Петровски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*