Пионерките на ЖРК „Делчево“ триумфално против ЖРК „КЛ7“

Победа на ЖРК „Делчево“ од 22:17 за прв триумф на пионерките на Горан Велков против солидната екипа на ЖРК „КЛ7“ е епилогот од денешното прво пролетно коло кое се одигра во рамки на пионерската ракометна лига на Македонија.

Домашниот тим од стартот до крајот на натпреварот не го испуштија водството од рака и славеа заслуѓена победа коај можеше да биде изразена со поубедлива разлика, но на моменти нон-шалантната игра на нашите пионерки им овозможи пристоен пораз на гостинките од ракомената академија „Кирил Лазаров 7“.

Сепак бодовите остануваат во Делчево, а со тоа шансите за пласман на фајнал-фор натпреварите за домашниот тим се се поизгледни на радост на ракометарките и стручниот штаб.

Доколку сте расположени да гледате ракомет, во продолжение целиот натпревар помеѓу овие две екипи

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*