По Македонска Каменица, Зоран Јовановски отвора Академија за пица мајстори и во Шведска

Пица Академијата на Зоран Јовановски за една година стана еден од најпрепознатливите академии каде за прилично кратко време може да се научи занаетот на правење пици. Веќе сите знаат за почетоците на Јовановски кој се врати во Македонска Каменица ја отвори познатата пицерија, а потоа започна со работа и првата Aкадемија во која голем број на луѓе од сите генерации научија како се прави популарната наполитанска пица. Оние кои ја следат вашата работа сигурно би ги интересирало колкав беше интересот за една година од вашето повторно враќање во Македонска Каменица, колку луѓе го испекоа занаетот и започнаа на некој начин своето парче леб да го заработуваат својот леб од правењето пица.

-Accademia Pizzaioli Macedonia да се потсетиме работи со лиценца на првото Италијанско училиште за обука на пица мајстори во светот. Имавме цел да обучуме околу 50-60 пица мајстори за првите 2 години. Позитивно е што еве после првата година стигнавме до бројот 40. Изненадувачки е тоа што покрај возраста на тие што го завршија курсот беше од 14 до 50 години, имавме луѓе од цела Македонија, но и од странство како Србија , Словенија, Австрија Норвешка, имаше дури и еден нашинец од Италија. Двајца туниски државјани имаа голема желба да дојдат да се обучуваат кај нас, но не успееа поради визни проблеми. Да кажам дека не е потребно никакво претходно знаење за да дојдате да ве обучиме професионално да правите пица и се што оди со тоа, така да многу лесно ќе стигнете до профитабилна работа, вели Јовановски.

Она што е ново, а што во рамки на нашиот разговор Јовановски сака да го сподели со јавноста е тоа што Accademia Pizzaioli Macedonia отвора нов центар за обучување на пица мајстори во Шведска. Го запрашавме Јовановски што практично тоа ќе значи за него и неговата работа, како го доживува овој негов личен голем напредок кој е и напредок воопшто за самата Академија. Околу работата во Шведска, обуката која ќе се одвива таму, и како паралелно ќе се одвиваат работите во Македонија и во Шведска Јовановски со одговор:

– Како што кажавте Аccademia Pizzaioli Macedonia е веќе препознатлив бренд не само во Македонија туку и надвор. Иако мојата идеа за отворање на пица училиште во Скандинавија е уште од поодамна, оваа година со претседателот на Аccademia Pizzaioli г-дин Енрико Фама, договоривме јас да добијам лиценца да отворам нов центар во Шведска, иако истата ја бараше многу познат шведски пица шеф. Моето искуство, знаење и стаж беа пресудни, со што сум многу горд. Новиот центар ќе биде во Стокхолм во ресторан Бродернас. Обуката ќе биде иста како и кај нас значи основен курс кој трае 5 дена или 40 часа, но ќе има и курсеви за безглутенска пица, наполетана и роман стил пица. Сертификатите ќе се добиваат од Италија и бидејки има голема побарувачка за пица мајстори секој еден што ќе го посети курсот веднаш ќе може да започне со работа. Замислено е пиците што ќе ги подготвуваат учениците да се продаваат по мимимална цена додека трае курсот. Инаку ќе работиме паралелно и во Македонска Каменица и во Шведска и јас ќе бидам единствениот инструктор од Аccademia Pizzaioli кој има две школи во две различни држави што за мене лично претставува голем успех. Значи секој може да се пријави на курсот и ние не само што професионално ќе го обучиме да работи било каде во светот туку и им даваме поттик на заинтересираните да добијат верба во себе и помагаме за полесно да најдат вработување, вели пица инструкторот од Македонска Каменица.


Јовановски во изминатиот период е чест учесник на реномирани кулинарски натпревари, па затоа следното наше прашање бее насочено во насока дали веќе некој од вашите ученици имале можност да тргнат по стапките на својот учител и да бидат дел од некое престижно кулинарско натпреварување.

-Да јас имам учествувано на многи меѓународни и интерконтинтални натпревари каде што ја претставував Македонија и се имам закитено со златни медали и признанија. Сега веќе во 2021 год ќе бидам и судија на Шведскиот пица шампионат, а се надевам дека ќе добијам покана и од други натпревари. Еден од моите ученици досега се има натпреварувано минатата година на ГастроМак во Охрид и зеде златен медал.

Оние кои имале прилика да се стекнат со сертификат со кој практично ќе можат да најдат вработување секаде во Европа се и нитолчанецот Горан Петровски и младиот Андреј Лазаревски кои веќе подготвуваат пици според рецептот на Јовановски.

-Како моја долгогодишна неоставарена желба, благодарение на господинот Зоран со неговата идеја да отвори една ваква академија во нашата земја, ја искористив шансата да се стекнам со диплома. Имав некое претходно аматерско познавање, меѓутоа овде добив една наобразба од тоа кој тип на брашно се прави, колкава треба да биде количината и составот. Наулив дека изработката е различна во зависност од временски услови и од самата потреба на самата пицерија. Научив како се изработува тестото, за неговото созревање, правењето на пицата, па се до печењето. Значи една комплетна едукација која за наша среќа имавме можност да ја добиеме овде во Македонија, а отсега и во Шведска. Не сум планирал никогаш професионално да се занимавам со правење пици, но сега веќе имам некои идеи, затоа што ова е наобразба која треба да се искористи, вели Горан Петровски од Битола.

-Јас ќе им препорачам на сите да пробаат и да се пријават за обука, бидејки сум задоволен од тоа што го научив. Занаетот е прилично лесен, но на секого различно му одат овие работи, додава Андреј Лазаревски еден од помладите учесници во курсевите кај Зоран.

Јовановски апелира до сите кои се двоумат да почнат со овој занает бидејки да се биде пица-мајстор во денешно време е една од најбараните професии. Покрај тоа што лично за себе ќе знаат да подготвуваат пица коај е еден од најабараните производи во рестораните, ќе можат и да отворат сопствен бизнис кој во време не безработица би можел да ги спаси од беспарицата.

За досегашната работа на Јовановски се потсетуваме на снименото интервју од минатата година.

Доделени првите дипломи за пица-мајсторите кои посетуваа курсеви во М.Каменица.

Доделени првите дипломи за пица-мајсторите кои посетуваа обуки во М.Каменица.

Posted by delcevo365.mk on Thursday, 28 March 2019

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*