Претставници на комуналните претпријатија од Делчево, Берово и Пехчево, заедно со градоначалниците на Берово и Пехчево, учествуваа на работилница за управување со инфраструктурните средства во Белград, Србија.
Според информациите на дел од учесниците на работилницата се разговарало за Советодавните услуги кои комуналните претпријатија од Југоисточна Европа ги добиваат за управување со инфраструктурните средства.
„Целта на работилницата e информирањето на комуналните претпријатија за значењето на проектот, мотивирањето на учесниците за имплементација во наредната фаза и овозможување и проектирање на поддршка на комуналните претпријатија, во управувањето со инфраструктурните средства и управувањето со дистрибуцијата и намалувањето на неприходованата вода.“
Во рамките на проектот предвидени се активности насочени кон подобрување на квалитетот на услугите, како и јакнење на капацитетите на комуналните претпријатија.
Проектот е финансиран од страна на Германската влада преку ГИЗ Програмата и се спроведува во 4 земји во југоисточна Европа, вклучувајќи ја и Македонија.

Leave a Reply