Поради паднат оџак дел од населба Звегорска река без електрична енергија

Наши читатели од населба Звегорка река информираа дека од утрово после 10 часот и 15 минути дел од населбата е без електрична енергија.

Побаравме информација од подружницата на ЕВН подружница Делчево, од каде известија дека дел од жителите на населбата веќе имаат електрична енергија, додека еден дел се уште се без струја. Нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот.

На фотографиите од нашите читатели се гледа паднат оџак во кругот на Далија Табак, како и паднати жици од столбови, што според нив најверојатно се причината за дефектот.

Од ЕВН додадоа дека во најскоро време дефектот ќе биде саниран.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*