Во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“ кој е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка (SDC), а спроведуван од УНДП (UNDP) и Општина Берово, в четврток 5 март 2020 година, во Берово ќе се одржи проектен форум на кој преку своето учество на форумска сесија граѓаните, ќе може да даваат предлози и да учествуваат во подготовка на проекти од интерес на жителите на општина Берово. Низ форумскиот процес ќе се изработуваат и изберат проекти со кои ќе се аплицира за нивна реализација во рамки на вкупен фонд од 50.000 швајцарски франци.
Првата форумска сесија ќе се одржина ден 5 март 2020 година (четврток) со почеток во 13:00 часот во „Бизнис инкубатор”, во Берово, информираат од Општина Берово.
Присуството на жителите, здруженијата на граѓани и претставниците на институциите, како и нивното активно учество на сесиите според организаторото ќе даде голем придонес и ќе биде од особено значење за успешно спроведување на проектниот форум и изборот на проект/и, предложени и подржани од жителите на општина Берово.
Целта на програмата „Форуми во заедницата“ е граѓаните да го подобрат својот живот, со сопствени идеи и учество во процесот на донесување одлуки на локално ниво, а администрацијата да развие отчетно локално управување преку учество, одговорност и доверба.
Повеќе за настанот на линкот во продолжение:
Leave a Reply