Извршувањето на општинскиот буџет за четвртиот квартал од 2019 изнесува 87,5 проценти

Извршувањето на буџетот на општина Делчево за четвртиот квартал изнесува 87,5 проценти или од вкупно планираните приходи, од 291 милион денари реализирани се 254,5 милиони денари. 

Овој податок, денес пред делчевските советници во рамки на 36-тата седница го образложи Анка Христова, раководител на одделението за финансии која додаде дека од овие средства во основниот буџет од планираните тековно-оперативни и капитални приходи во износ од 118,9 милиони денари реализирани се 105,5 милиони денари или 88,7 проценти.

-Од овие средства во делот на дотации од планирани 148 милиони денари како приходи реализирани се 92,2 проценти, во буџетот на донации од планираните 7,5 милиони денари реализирани се 2,7 милиони денари или 36,2 проценти, додека во буџетот на самофинансирачки активности од планирани 17,3 милиони денари, реализирани се 10,6 милиони денаривили 61,2 проценти, истакна Христова.

Во четвртиот квартал како што дополни во своето излагање Христова најмногу средства како дел од даночните приходи општината наплатила од даноци на имот, вкупно 12,2 милиони денари и даноци од специфични услуги во висина од 16,4 милиони денари, меѓу кои и комунална такса за одржување на јавното исветлување од која во буџетот влегле 9,2 милиони денари.

Успешна реализација општината имала и кај расходите, чиј финансиски план, како што беше напоменато на седницата е реализиран во висина 87,5 проценти.

На 36-тата седница беше усвоена и одлука за проширување на средства на буџетот за 2020 година, како и програмата за управување со отпад за 2020 година.

Во тек 36-тата Седница на Советот на Општина Делчево

Posted by delcevo365.mk on Wednesday, 4 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*