Се подобрува комуналната хигиена во Разловци

Најоддалеченото село во Делчево, Разловци, за прв пат ова село добива садови за собирање комунален отпад. Од општината информираат дека локациите каде се поставени вкупно десетте нови контејнерите се дадени како предлог од жителите и во консултација со надлежните служби од Општина Делчево.

-Со поставувањето на контејнерите и ова делчевско населено место, влегува во планот за работа на ЈКП „Брегалница“ за редовно чистење на депонираниот отпад во контејнерите со што се очекува да се зголеми свесноста на жителите за животната средина и директно да се придонесе во борбата со дивите депонии кои се голем проблем во Разловци, информираат надлежните.

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски, кој денеска беше во Разловци и разговараше со жителите на селото, истакна дека поставувањето контејнери во Разловци е дел од неговата програма и во насока за подобрување на чистотата на животната средина.

-Големиот проблем со дивите депонии во ова село очекувам да го решиме со поставувањето на новите контејнери. Очекувам од жителите со свој личен пример да дадат придонес за чистотата на селото, да го чуваат општото добро и за сите проблеми повзрани со отпадот, да бидат во директна комуникација со комуналното претпријатие „Брегалница“, кое е надлежно за редовно собирање на сметот. рече Трајковски.

Додаде дека деновиве екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ работат на расчистување на дивите депонии создадени во близина на селото, а исто така најави дека контејнери за комунален отпад ќе бидат поставени и во другите населени места, каде досега немало поставено садови за отпад.

Во рамки на активноста за подобрување на јавната чистота набавени се 23 контејнери во вредност од 371 илјада денари. Контејнерите се предадени на ЈКП „Брегалница“ од каде ќе се транспортираат до планираните локации, каде досега биле поставени стари и оштетени контејнери или ги немало.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*