Учениците од деветолетката „Ванчо Прке“ покажаа солиден интерес за работатата на ЕЛС Делчево

Во рамки на предметот општество шеесетина ученици од IV одделение при деветолетката „Ванчо Прке“ во просториите на ЕЛС Делчево одржаа час со градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски.

Учениците се запознаа со надлежностите на Општината, со должностите на градоначалникот, проектите кои се работат, а се во функција на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните.

Трајковски одговараше и на прашања на учениците кои се интересираа за обврските на еден градоначалник, за активностите кои се спроведуваа за заштита на животната средина и сл.

Посетата на ученици на Општина Делчево и на градоначалникот, се организира редовно во рамките на предметот општество и во соработка на Општината со образовните институции, а целта е учениците изворно да се информираат за надлежностите на општината, нејзините органи, начинот на носење одлуки и сл.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*