Регионално: Во Берово презентирана нова ЕУ програма ИПА 2020 за поддршка на општините

Претставници на ЕУ програмата ИПА 2020 денес во Берово одржан координативен состанок, за давање идеи за иновативни проекти, за подобрување на животот на граѓаните во општината. како и појаснување на критериумите за аплицирање на 

На заедничкиот состанок како што информираа од општина Берово, пред претставници од институциите на локално ниво координаторите ги образложиле деталите за новата програма ИПА 2020.

-Тим лидерот Клаус Рихтер и КИ експертот Бардул Марку ги претставија можностите кои ги нуди проектот, беа претставени можностите за партнерски здружувања на општината, при што посебно беше потенцирано на важноста што нашата општина ги има донесени стратешките документи кои се клучни за учество во оваа програма. Тоа се Интегриран план за локален развој, Општинска програма за енергетска ефиксаност, Стратегија за развој на туризмот и Локалниот акционен план за Ромите, информираа од општината.

Беровскиот градоначалник Звонко Пекевски очекува оваа програма да отвори нови можности за решавање на проблемите на општините.

-Се надевам дека Општина Берово ќе успее со своите иновативни стратешки планови, да се вклопи во програмата и да подготви конкурентен проект, кој ќе ги исполни критериумите, за да може да го користи грантот од ЕУ, додаде Пекевски.

Според временската рамка, проектниот концепт треба да биде готов до месец април годинава, а целосната проектна документација до крајот на јуни. 

Повикот за проектот насловен ,,Проект за поддршка на општините” ќе биде објавен во месец октомври 2020 година и на истиот се предвидени финансиски средства за општините во висина до 500 илјади евра

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*