ЕУ сесијата „Бура од идеи“ за решавање на проблемите на општините претставена во Делчево

Во Делчево денес претставена сесијата „Бура од идеи“ како дел од подготвителните активности за ИПА 2020 за поддршка на општините. Во изјава за медиумите, градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, од оваа програма изрази очекувања за нови иновативни концепти, во делот на подобрување на општинските услуги, социјалната заштита и социјални услуги, одржливиот раст и циркуларна економија, како и нови вработувања или способности за локалната економија.  

-Очекувам активно вклучување во просецот, при што за дефинирањето на идејниот проект во наредниот период ќе биде формирана и работна група. Станува збор за проект, во кој носител треба да биде општината, а проектот треба да даде придонес во надградбата на капацитети, подобрување на квалитетот на давање услуги, а овде не се опфатени инфраструктурни проекти, рече Трајковски.

Според временската рамка, проектниот концепт, како што додаде, треба да биде готов до месец јуни годинава.  

На средбата, беа образложени и деталите за новата програма ИПА 2020, за можностите кои ги нуди, како и за можностите за партнерски здружувања на општината.  

На сесијата беше потенцирано дека вкупниот буџет на Програмата која се однесува за сите 80 општини и градот Скопје, изнесува 6,25 милиони евра, односно ќе бидат прифатени од 12 до15 апликации од општини во износ од 500 илјади евра.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*