
Неодамна Општинскиот фудбалски клуб „Малеш“ доби ново раководство кое веднаш ги засука ракавите и започна активности за подобрување на состојбата во еден од најстарите фудбалски клубови во градот.
Како дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната во Третата фудбалска лига – Југ в недела на градскиот стадион во Делчево ОФК „Малеш“ Берово ќе одигра пријателски натпревар со домашната екипа на ФК „Брегалница сениори“.
За овој натпревар но и за она што е ново во клубот погледнете го разговорот со претседателот на клубот Новица Печински.
За активностите на клубот можете повеќе да дознаете на фејсбук-фан страница на ОФК Малеш
Leave a Reply