Педесет и двајца хумани граѓани даруваа крв во Делчево

Успешно заврши редовната мартовска крводарителска акција во Делчево. Акцијата ја организираше Општинската организација на Црвен крст, а на истата како што информираше претседателката Билјана Георгиевска беа собрани 52 крвни единици.

-И денес хуманите граѓани даруваа крв, при што во рамки на акцијата која се спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Штип успеавме да забележиме бројка од 52 крвни единици, односно 52 крводарители денес даруваа од капката која за некого значи живот. Благодарност до сите кои својата хуманоста ја покажаа на дело рече Георгиевска.

Оние кои не успеаа да даруват крв денес, претседателката на делчевскиот Црвен крст ги покани тоа да го сторат во рамки на следната априлска крводарителска акција. Воедно ја најави утрешната крводарителска акција која ќе се спроведе со крводарителите од Македонска Каменица.

Од Општинската организација на Црвен крст воедно ги потсетија редовнните крводарители кои имаат дарувано крв 50 и 75 пати да се јават во просториите на Црвен крст заради учество на свеченоста на која ќе бидат доделени благодарници и признанија за најистакнатите крводарители од овој регион.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*