ЈЛБ „Илинден“ со осмомартовски подарок цвеќе и книга за повозрасните редовни читателки

Осмо мартовско дружење со повозрасните редовни читателки од Делчево денес организираше Јавната локална библиотека Илинден. По повод празникот тие добија цвеќе и подарок книга, а приликата директорката Билја Петровска ја искористи на сите припаднички на понежниот пол да им го честита Меѓународниот ден на жената.

-Денес наши гостинки се нашите редовни постари читателки. Поводот е 8 март, денот на жената. Библиотеката по повод празникот ќе им подари книга и скромен подарок, а сето тоа како апел до сите наши сограѓани не само до припадничките на понежниот пол, да ја сакаат книгата, да читаат и да доагаат во библиотеката. Нашите денешни гостинки докажуваат дека добрата книга и читањето не познаваат години, време, граници и пречки. Воедно сакам од име на ЈЛБ „Илинден“ на сите припаднички на понежниот пол да им го честитам денот на жената и овој пат повторно да потенцирам дека жената заслужува секој ден да и биде 8 март, а не само еден ден во годината, рече Петровска.

Надица Дамјановска и Соња Стојменова се едни од поредовните читателки кои со книгата се дружат од најмала возраст.

-Од прво одделение се дружам со книгата и можам да им се заблагодарам на наѓите наставници кои иако беа строги ни ја вродија љубовта кон книгата која трае и до ден денес. Што се однесува до празникот 8 март, жената треба да се почитува 365 дена во годината но таа самата треба да се избори за да биде почитувана. Исто така жената самата треба да се избори да биде фактор во општеството, рече Дамјановска.

-Редовни читателки сме и многу сме изненадени пријатно од раководството на библиотеката за што им се заблагодарувам за вниманието. Инаку што се однесува до 8 Март – Меѓународниот ден на жената, мислам дека доволно се застапени жените во секоја сфера на општественото живеење за разлика од другите градови, рече Стоименова.

Настанот продолжи со кафе муабет и разговор за тоа кои се најактуелните изданија кои предизвикуават воздишки меѓу читателската публика.

ЈЛБ „Илинден“ со осмомартовски подарок цвеќе и книга за повозрасните редовни читателки

ЈЛБ „Илинден“ со осмомартовски подарок цвеќе и книга за повозрасните редовни читателки

Posted by delcevo365.mk on Friday, 6 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*