Фудбалерите на пехчевски „Кит Го“ одиграа нерешено со екипата на Тиквеш во рамки на 16 коло од Втората фудбалска лига Исток, со што останаа на 4-тата позиција на табелата во ова натпреварување. Според информациите од теренот во Пехчево се играл тежок натпревар со многу тензија и борба на теренот. Дарко Алексовски во 11. минута од средбата беше творец на водството на ФК „Кит Го“, но кавадарчани со голот на Методија Делов во 82. минута израмниле за конечни 1:1.

Свој настап денес имаа и фудбалерите на „Каменица Саса“, кои со 3:0 ја „згазија“, радовишка „Плачковица“ на домашен терен.
Најистакнати поединци на теренот судејки според крајниот епилог беа Гордан Здравков, Марио Станковски и Ненад Нешовски кои ги постигнаа победоносните погодоци во 29, 62 и 72. минута.
Со новата победа „Каменица Саса“ веќе брои 20 бодови и има седум бодови повеќе од екипите кои се наоѓаат во опасната зона.
Во дербито на Истокот, на 14 март 2020г.,силите на градскиот стадион во Пехчево ќе ги одмерат токму екипите на „Кит Го“ и „Каменица Саса“.
Евроголот кој Здравков го постигна против Плачковица погледнете го во продолжение
Leave a Reply