ВНИМАТЕЛНО на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани

Не стивнуваат одроните на патниот правец Делчево – М.Каменица – Кочани. Во последниот случај возачи јавуваат за поголем одрон во близина на село Драмче, каде поради големината на истиот, едната коловозна лента е блокирана.

– Бидејки одронот се наоѓа пред кривина кај селската продавница при доаѓање од Делчево кон М.Каменица, поради мракот карпата не се забележува и постои опасност за возилата и возачите. Ние ја користевме другата лента но треба да се внимава бидејки од спротивната страна доаѓаат возила, јавуваат возачи.

Додаваат дека ваквата слика се повторува и на останатиот потег на неколку делници од патот Кочани – Македонска Каменица – Делчево.
Од ,,Македонија пат”, претходно потврдија дека се запознаени со состојбата на терен и во рамки на можностите во моментот се интервенира на критичните места.

Поради дождот сообраќајот на патниот правец Делчево – М.Каменица – Кочани во текот на целиот ден се одвива по влажни коловози.

Видео од наши читатели од одроните кои ги има на повеќе места на патот Делчево – М.Каменица. Возете внимателно!

Posted by delcevo365.mk on Sunday, 8 March 2020

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*