Започна он-лајн собирањето на донации за дозиградба на соборниот храм ,,Св.Кирил и Методиј”. Акцијата со одобрение на црковниот одбор е покрената благодарение на нашиот успешен иселеник по потекло од Делчево, Кирил Маневски кој го креираше настанот за он-лајн донирање на добро познатата и една од најсигурните мрежи за донации gofundme.com.
Веќе се собрани и првите 100 фунти, а како вистински верници едни од првите кои донираа се токму семејството Маневски кое долги години успешно работат во Лондон.
Граѓаните на Делчево отсекогаш биле хумани кога е во прашање помагањето за доизградба на општите добра наменети за поколенијата кои живееле, живеат и ќе живеат на овие простори.
Да го следиме примерот и да донираме во рамки на нашите можности!
Leave a Reply