Украдени парите за обнова на црквата „Св.Спас“ во село Владимирово

Непознати сторители ги украле парите за обнова на црквата „Св.Спас“ во беровско Владимирово. Кражбата е извршена со кршење на влезната врата, а истата како што јави Бранко Ужевски, претседател на здружението „Владимирски Илинденски Средби“ најверојатно се случила рано утрово.

-Прв пат такво нешто се случува во црквата која е изградена во 1842, а опожарена во 2013 година. За да се обнови црквата „Св.Спас“, луѓето даваа се од себе, за да се случи тоа што ни се случи. Разочарани сме и бараме под итно да се откријат сторителите, вели Ужевски.

Од полицијата потврдија дека е извршен увид во црквата „Св.Спас“ и се работи на расчистување на случајот.

Претходно во друга кражба украдено е возило марка Нисан кое е пронајдено и вратено на сопственикот, се вели во соопштението од беровската полиција.

Дали двете кражби се поврзани дополнително треба да утврди истрагата.

За обнова на црквата „Св. Спас“ минатата година виртуозот Горан Алачки заедно со ликовниот уметник Цветин одржа музичко-ликовен перформанс.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*