Во тек едукација за членови на избирачките одбори во Делчево

Во Делчево во тек едукација за членовите на избирачките одбори. Активностите како што информираше Владимир Петровски, претседател на Општинската изборна комисија Делчево, се во пресрет на Парламентарните избори и согласно со Роковникот за одржување на Парламентарните избори закажани на 12 април оваа година.

-Општинската изборна комисија во Делчево од денеска ги започна обуките за членовите на избирачките одбори. Обуките се одржуваат во Мултифункционалниот центар во зградата на Општина Делчево, а нив ги спроведуваат сертифицирани едукатори од стручната служба на Државната изборна комисија на РСМ. Обуките ќе се одржуваат во термините од 11:00 до 15:30 ч. во текот на целата недела, како и понеделник и вторник наредната недела, односно од 9 март до 17 март, рече Петровски.

Во рамки на обуката како што додаде се реализираат интерактивни вежби и вештини, кои имаат за цел членовите на избирачките одбори да се стекнат со знаења и вештини за поквалитетно и подобро спорведување на претстојниот изборен процес.

По завршувањето на обуките ќе следуваат презентации, вежби и симулации за стекнатите знаења и вештини за добро спроведување на Предвремените парламентарни избори. Делчево е дел од изборната единица 3 и на претстојните избори ќе се гласа на вкупно 36 избирачки места. Во меѓувреме до 11 март 2020 трае увидот во избирачкиот список, по што ќе се знае колку граѓани ќе можат да го остварат своето право на глас на изборите во април.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*