Литературно-книжевен омаж во чест на Павлинка Ѓорѓијоска во Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ во Делчево вечерва се организираше литературно-книжевен омаж, во чест на авторот Павлинка Ѓорѓијоска. Во рамки на настанот, постхумно беше промовиран нејзиниот последен роман „Алтан“, а учесниците направија краток осврт и на останатото нејзино творештво.

Иако луѓето физички не напуштаат сепак нивните дела остануваат да живеат меѓу читателите, истакна во својот говор сопругот на Павлинка, познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски.

-Павлинка беше заљубена во магијата на пишаниот збор, но дочека да го види само нејзиниот прв роман „Во тунелот“. Рoманите „Петра“ и „Алтан“ издадени се постумно, „Петра“ во 2016 година, додека „Алтан“ излезе минатата година. Промоцијата ја организираме на денот на роденденот на мојата сопруга, која е родена 1961 година, а почина во 2015 на 54 годишна возраст, рече Ѓорѓијоски.

Пред присутните извадоци од делата на Ѓорѓијоска читаа роднокрајните автори Лидија Дамјанова и Васил Маневски, додека извадоци од рецензентот Миломир Стефановски читаше поетесата Христина Деолска.

Во продолжение во три дела може да го погледнете целиот настан

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*